217
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, а веста ја пренесоа украинските медиуми.
Девојчето наводно побарало еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за да го продаде своето дете. Деветнаесетгодишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него.
Полицијата приведе маж во вторникот додека носел пари на договорена локација. Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето било преземено од полицијата и предадено на надлежните органи. Неговата мајка беше обвинета за трговија со луѓе.