61
Слики на пријателката на рускиот претседател Владимир Путин – Алина Кабаева покренаа лавина гласини дека е бремена, пишува “Дејли мејл”. На нив Кабаева изгледа уморна, застарена и видливо затруднета

Последниве години 32-годишната поранешна гимнастичарка е поврзана со Путин, иако самите тоа тие го чуваат во тајност и не коментираат за врската. Гласини дека таа ќе му подари дете се вртат со години, но засилија од овој февруари. Оттогаш Кабаева исчезна од јавниот простор, за да се појави завчера на атлетска трка со очигледно пораснат стомак.