Девојката ГО ИЗДРЖУВАЛА а денес е МВП на „СУПЕРБОЛ!“

од Vladimir Zorba

Купер Кап, фаќачот на Лос Анџелес Рамс, е МВП на „Супербол“. Лос Анџелес Ремс ги совладаа Синсинати Бенгалс со 23:20 и го освоија трофејот „Ломбарди“ по пресврт и драматично финале.

Еден од најзаслужните беше Купер Кап, кој имаше 4 фаќања во последните напади, освои јарди за речиси половина терен и фати тачдаун. Натпреварот заврши со фатени 92 јарди, имаше 8 фаќања од кои најдолгиот беше на 22 јарди во последната четвртина за победа.

Тој ја доби наградата МВП, што е реткост за фаќачи, а последен пат во 2019 година фаќач беше прогласен за најдобар, односно Џулијан Еделман, примачот на Патриотите. Пред две години тој потпиша тригодишна соработка од 48.000.000 долари со Ремс.

Инаку, тој во Лос Анџелес пристигна во 2017 година како 69. пик во третата рунда на драфтот. Завршил во источен Вашингтон, а бидејќи немал стипендија, неговата девојка Ана го издржувала. Таа одлучила да се вработи за време на студиите за да му обезбеди финансиска поддршка на Купер.

– Навистина мислам дека немаше да бидам овде, дека немаше да бидам дел од НФЛ да не беше таа, да не ме инспирираше и да ме туркаше да ги постигнам највисоките цели – изјави Купер.

Пред три години тој не можеше да им помогне на соиграчите во 53. Супербол. По големата победа за медиумите откри дека имал визија.

– Не можев да бидам дел од тоа финале, но имав визија која Господ му ја откри дека ќе се вратиме, дека ќе го освоиме „Супербол“ и дека некако ќе бидам МВП. Тоа и го открив на сопругата, но од очигледни причини не можев да кажам на никој друг. Од следната сезона цврсто верував дека тоа некаде е напишано и дека можам да играм целосно растоварен – изјави Купер Кап.

Слични содржини