Девојката-сведок на убиството на Немцов одлета за Киев, Порошенко посмртно го одликуваше со “Орден на слободата”

од desk3
99 прегледи

Главниот сведок во случајот за убиството на политичарот Борис Немцов – Ана Дурицкаја, одлетала ноќеска од Москва за Киев.

655-402-boris-nemcov-anna-durickaia

Ова го соопшти портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Евгениј Перебијнис, цитиран од агенциите.

Во соопштението на “Твитер” Перебијнис наведува дека украинските дипломати во Москва нејзе ја доставиле сета потребна помош за нејзиното враќање дома.

Дурицкая која е украинска државјанка, беше до Борис Немцов во моментот на неговото убиство во ноќта на спроти сабота на “Големиот Москворецки мост” во центарот на Москва. Самата таа не настрада при нападот.

Во понеделникот во своето прво интервју по егзекуцијата на Немцов, Дурицкаја изјави дека инспекторите не и дозволуваат да ја напушти Москва поради сопствената безбедност. Таа раскажа дека уште не успеала да го види убиецот ниту автомобилот со кој избегал. Дурицкаја ја отфрли верзијата за убиство од љубомора, велејќи дека е во тешка психичка состојба и не сака да зборува за инцидентот.

Денес е погребот на Борис Немцов. Во една од салите на центарот за човекови права “Сахаров” во руската престолнина започна проштевањето со убиениот политичар, пренесоа ТАСС и Франс прес.

На поклонувањето се семејството на Немцов, пријатели и негови истомисленици. Ковчегот на Немцов е отворен, а илјадниците луѓе дошле да се простат со него,да остават цвеќе.

Украинскиот претседател Петро Порошенко посмртно го одликува убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов со украинскиот Орден на слободата.

– За нас Украинците Борис засекогаш ќе си остане руски патриот и пријател на Украина. Тој со својот живот докажа дека овие две нешта можат да бидат заеднички, па дури човек и да ги посака, се наведува во соопштението на Порошенко.