Дежаву – способност да ја претскажуваме иднината или нешто друго

од desk3
170 прегледи

Денот минува на вообичаениот начин, одите на работа, ги земате децата од училиште, приготвувате вечерата, кога одеднаш се случува нешто што ви е познато. Како по втор пат “сте во овој филм”.

655-402-zhena-razmisli-mislene

Во таков момент се обидувате да се вратите назад во минатото и да се сетите кога предходно се случило тоа. Но моментот слета толку брзо што немате доволно време за размислување.

Ситуацијата во која ви се чини дека минатото се повторува, се нарекува дежаву.

Зборот е со француски потекло и во буквален превод значи нешто да се доживее / веќе видено.

Постојат неколку теории зошто преживеан дежаву.

Дежавуот е резултат на некаков вид јаз помеѓу тоа како чувствувате со сетилата и како го гледате со умот светот околу вас. Можеби чувствувате познат мирис и умот се однесува како првиот пат кога сте го почувствувале.

Оваа теорија сепак е несигурна, со оглед дека повеќето епизоди на дежаву воопшто не ги одразуваат минатите настани, вели Џордан Гејнс Луис, докторант по невронауки на Универзитетот на Пенсилванија.

Од друга страна, феноменот би можел да се должи на привремен дефект меѓу долгорочните и краткорочните механизми на меморијата.

Информациите за непосредната средина може погрешно да поминат директно кон долгорочната меморија, со прескокнување на типичните механизми за пренос, и така кога имате дежаву, чувствувате дека сте преживеале нешто од далечното минато.

Друга теорија за чувството за дежаву гласи дека понекогаш има “недоразбирање” меѓу двете структури на медијалниот темпорален лобус – “предната кора” и хипокампусот кои ви помагаат да знаете дали нешто ви е познато, или не, и да се потсетите на детали за конкретни спомени.

Во таков случај се појавува чувство на нешто искуство кое всушност се случува за прв пат.

Можеби некои слики ви се чинат познати, бидејќи сте ги виделе на слика, но немате никакви спомени поврзани со нив.

Според друга теорија дежавуто може да е поврзано со грчева активност на медијалниот темпорален лобус. Ова објаснува зошто луѓе кои страдаат од епилепсија- често доживуваат дежаву во почетокот на несвестица.
Најчесто луѓето доживуваат дежаву меѓу 15 и 25 годии. Ова укажува дека тоа може да е поврзано со фаза од развојот на мозокот.

Неможноста да се проследи тоа чувство е дека настанува случајно, ретко и за многу кратко време.