Џад Ло чека шесто дете: Најпознатиот англиски срцекршач не личи на себе! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Познатиот 47-годишен британски актер, Џад Ло за прв пат се појави во јавноста откако неговата 33-годишна сопруга Филипа Коан се појави во веќе напредната бременост пред неколку месеци, а тој успеа да ги изненади сите со својот нов имиџ со видливо подолга коса и густа брада.


Џад беше виден од папарацо фотографите на должност овој викенд на градските улици во Лондон, каде започна да џогира во спортско издание.


Љубовната афера со денешната сопруга, британската психијатарка Филипа Коан, ѕвездата на серијалот „Млад папа“ ја започна во 2015 година кога се појавија на фестивалот за литература „Хеј“, а минатата година ја официјализираа својата врска со брак во лондонската градска општина „Old Marylebone“ – три месеци откако објавија за својата веридба.

Веста за пристигнувањето на првото дете пристигна во мај годинава, а од бракот со британската дизајнерка Сејди Фрост, актерот има два сина и ќерка – Раферти (23), Руди (17) и Ајрис (19).

Од кратката врска со манекенката Саманта Бирк, британскиот актер има 10-годишна ќерка Софија и петгодишна ќерка Ада од врската со пејачката-текстописец Кетрин Хардинг.

 

Слични содржини