Џафери: Измените на Законот за Собрание обезбедуваат финансиска независност и самостојност на собраниската администрација

од Aleksandar Petrovski
135 прегледи

Законските измени обезбедуваат финансиска независност и самостојост на собраниската администрација и тие се од исклучитено значење за службите, порача претседателот на Собранието Талат Џафери, на прес-конфернецијата, што се одржа откако во законодавниот дом беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за собрание.

Тој истакна дека предлогот за измени и дополнувања на Законот за Собрание е усвоен со огромно мнозинство и со поддршка од сите пратенички групи.

– Мора да нагласиме дека досега иако формално независно, Собранието како институција беше целосно зависно од Владата, во однос на позицијата на службата, нејзиното екипирање, унапредување и вработување. Во тој контекст измените кои што ги изгласавме денеска се од исклучително значење за службите. Да не заборавиме дека на плеќите на собраниските служби поминуваат најважните политички процеси во државата, нагласи Џафери.

Претседателот на Собранието  посочи дека едногласен бил ставот на сите пратенички групи дека Собранието мора да обезбеди услови за собраниската служба, коишто соодветствуваат со одговорноста што таа служба ја има.

На денешната 130. седица на Собранието со 82 гласови „за“, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Собрание.

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност, беше речено на седницата.  Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

Слични содржини