Џафери ја врати иницијативата за референдум на Апасиев, бара да ја усогласи со Деловникот

од Берта Китинска
178 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прими и ја врати иницијативата на Левица за организирање референдум за францускиот предлог со кој почнаа преговорите на ЕУ со Макеоднија.

„Испитувајќи го вашето Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум, увидов дека бараањето не е подготвено во совласност со одредбите од Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што заклучоците не се општ правен акте, закон или устав, истите по нивната природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Северна Македонија во нејзино постапување“, се вели во одговорот на Џафери кон Апасиев.

Џафери дополнува дека согласно член 136 од Деловник, ако предлогот на Закон не е подготвен во согласност одредбите, претседателот на Собранието пред да го достави на пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој деловник.

„Ако предлагачот не го направи тоа во рок од 15 дена ќе се смета дека предлогот на Закон не е поднесен“, пишува Џафери во одговорот.

Во одговорот Џафери посочи дека иницијативата е спротивна на Деловникот и дека прашањето не е соодветно поставено.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев пред неколку дена изрази верување дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, но и како што нагласи очекува сериозно да бидат сфатени како опозиција. Тој, меѓудругото најави и целосна блокада на Собранието доколку спикерот Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива.

„Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“, рече Апасиев, додавајќи оти се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива.

Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки.

„Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ“, рече Апасиев минатата недела кога ја ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК.

Слични содржини