Џафери: Локални избори во октомври, познати трите потенцијални датуми

261 прегледи

На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, Талат Џафери посочи дека претстојните локални избори ќе се оддржат на 3., 10. или 17. октомври.

Според законската процедура, 90 дена претходно, тој треба да ги распише изборите, односно некаде во јули или најдоцна до 1. август.

Во меѓувреме, Џафери истакна и дека треба да се има предвид како ќе се одразат роковите за техничка влада, за кампања и увид во избирачкиот список, доколку партиите бидат согласни да има истовремено со локалните и предвремени парламентарни избори.

Слични содржини