Џафери: Нашата земја нема создадени предуслови за легализација на марихуаната

191 прегледи

Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, во нашата земја, се уште не се создадени предуслови за легализација и рекреативна употреба на марихуаната.

„Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба“, рече Џафери.

Но,се уште не е познато, дали ДУИ ќе го блокира овој закон во иднина доколку предлогот стигне во Собранието и дали би можело да се случи да падне владата поради различните гледишта на двата коалициони партнери. Џафери со одговор:

„Нема закон кој не поминал, без разлика дали бил на опозицијата или на мнозинството. За да го блокира законот ДУИ нема потреба да падне Владата, има инструменти во Собранието.“, изјави претседателот на Собранието.

Од друга страна, премиерот Заев е одлучен. Вели дека не е во ред некој да заврши во затвор поради употреба на половина грам природен канабис за рекреативна употреба.

Како позитивни примери премиерот Заев ги спомна Канада, Чешка, Холандија, каде, како што истакна тој, се евидентираат годишни приходи до 55 милиони долари само од ова дејност. Инаку Македонија досега доделила 59 лиценци за преработка на канабисот.

Слични содржини