Во денешното гостување на Утрински брифинг, претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери посочи дека овој парламент кој е во нов состав, има дел на пратеници кои за првпат се наоѓаат во Собранието и не може да се каже дека ги познаваат сите прописи и регулативи.
Тој додаде и дека тие се водени од желбата да се докжаат, па оттаму некогаш ги преминуваат сите етички и колегијални норми.
„Пратениците и индивидуално одговараат пред граѓаните, а јас сум должен да укажам кога нештата не се во рамките на општата култура. Мене не ме изненадува односот и вокабуларот на одредени пратеници. И тие се избрани од граѓаните (Левица), но сепак тоа е дел од идеолошката матрица преку која се влеени во Собранието, на крајот граѓаните го кажуваат мислењето на изборите, а јас укажувам што е според процедура, што е во рамки на актите, Собранието има етички кодекс и јасно е дефинирано до каде може да одат пратеници. Вокабуларот е нивна одговорност, изјави во Утрински брифинг претседателот на Собранието на Република Северна Македонија“, истакна Талат Џафери.