Доколку се овозможи онлајн работа на Собранието, тоа ќе трае одека трае и пандемијата, изајви на денешниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Талат Џафери.
Џафери истакна дека го има потребнито мнозинство за изгласување на потребата за измени во Деловникот.
-Предложените измени за онлајн-работење се однесуваат на пратениците кои поради коронавирусот нема да можат да дојдат на работа. Ќе мора да го известат претседателот и да достават документ од здравствените власти кој ќе биде на увид на сите пратеници, вели Џафери.
Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ и претседател на комисијата за надворешни работи во Собранието смета дека денеска не е време да се одржи седница, туку е време за протест.
Денес не е време за седница, туку за протест. За од еден неурамнотежен политичар да се заштити жртва…, напиша на својот профил на фејсбук Милошоски.
За денеска во 18 часот пред спортската сала „Борис Трајковски“ е најавен протест кој го организира најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.