Џафери: Регионот е чувствителен, потребна е будност

од Берта Китинска
263 прегледи

Нашиот регион е чувствителен, ранлив и под влијание на надворешни фактори и затоа треба да бидеме внимателни и оваа соработка е координирање за сите можни негативни ефекти што би можело да ги има во регионот, изјави во Приштина претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, во врска со негативните рефлексии од ситуацијата со Украина

-Несомнено дека ги согледуваме овие прашања, меѓутоа не мислам дека има нешто конкретно. Како и да е, за секаква ситуација, институциите треба да бидат во состојба на готовност, да ја следат ситуација во регионот и пошироко,рече Џафери.

Прашан за позицијата на Србија во однос на руската агресија, Џафери рече дека нема потреба од посебен коментар.

-Позицијата сами си ја адресирале со тоа што гласале позиција за приклучување кон ОН со санкции кон Руската Федерација, а во билатерален контекст адресирале дека тие не се подготвени да спроведат казнени мерки, било да се економски или други, така што тие самите си се позиционирале и тоа го именувале и нема потреба да се коментира, вели Џафери.