Во своето гостување во Клик плус, претседателот на Собранието, Талат Џафери, посочи дека не верува дека постои таков кој би преговарал за тоа што го бара Бугарија.
„Бугарија и Северна Македонија потпишаа договор за добрососедство. Со овој договор преземаа и двете страни конкретни обврски. Веднаш после тоа од Бугарија беа поставени нови услови“, истакна Џафери во „Click Plus“ на ТВ21.
Тој додаде и дека спорните точки се околу идентитетот и историјата.
„Затоа сметам дека ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија“, потенцира Џафери во „Click Plus“.
Првиот човек на законодавниот дом, вели дека С.Македонија има направено прогрес, исполнувајќи ги условите за преговори со ЕУ.
„Да. Решение може да има доколку се надминат спорните точки во историјата, треба да гледаме напред и заедно да ги исполниме и реализираме задачите кои од нас ги бара ЕУ“, заклучи Џафери.