Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик упати честитки до сите граѓани кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар.
-На овој значаен празник кој има моќ да обединува, со мојата порака посакувам универзалните вредности кои произлегуваат од секој празник – љубовта, споделувањето, милосрдието и меѓусебната почит, да Ви донесат добро здравје, напредок, внатрешен мир и да бидат причина за многу радости. Пред сè, посакувам овие вредности да бидат водилка во градењето на нашата заедничка иднина, со добри и позитивни мисли. Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот и да Ви посакам празничните денови да ги поминете опкружени со вашите најблиски, во топлината на вашите домови исполнети со духот на празникот, стои во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.