Џафери за Денот на Албанската азбука: Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува, тој дар е уште поголем

261 прегледи

На 22. ноември се одбележува Денот на албанската азбука, а истиот е востановен по денот кога се оддржал Битолскиот конгрес, на кој албанските интелектуалци собрани од секаде, по девет дена постојана работа, излегоа со најскапоцениот подарок за еден народ – Унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, како и пишаната и испеана фолклорна традиција, кога дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици, затоа со особена радост сакам да го честитам овој ден, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во својата официјална честитка.

„Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува, тој дар е уште поголем. Апелирам до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите кои се основани за водење и грижа за овој дар, до пишаните и електронските медиуми, до административните просветни работници, со овој пример да придонесеме во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик, со сета негова убавина, богатство и посебност, и нека тоа биде јазик за взаемно поврзување и почит“, порача Џафери по повод чествувањето на Денот на албанската азбука.

Слични содржини