Патнички авион со повеќе од 50 лица исчезна по полетувањето од главниот град на Индонезија.
Авионот „Сривиџава Ер“ исчезна од радарот само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта, пренесуваат светските агенции.
Авионот се изгубил за помалку од една минута од околу три километри, пренесува Ројтерс.
Кинеската агенција Синхуа, која се повикува на локалните медиуми, кои наведуваат дека рибарите ги пронашле остатоците од авионот во океанот.
Станува збор за авион Боинг 737-500, а властите најавија дополнителни информации за несреќата.