Прво по неколку одложувања конечно по втор пат се венчаше со Хејли Болдвин, во друштво на семејството и пријателите, а сега Џастин Бибер е подготвен за нови музички подвизи. Новите песни деновиве ги објави неговата поранешна девојка Селена Гомез, кои веднаш станаа главна тема бидејќи низ нив таа се “пресметува“ со Бибер.


А за да го привлече вниманието и да се пишува малку за неговите песни, музичарот се реши на необичен подвиг -преку Инстаграм им вети на своите обожаватели дека до Божиќ ќе го објави новиот албум, ако таа негова објава добие 20 милиони лајкови.
„Споделувајте, лајкувајте, објавувајте на своите профили, јас морам да видам дека вие тоа го сакате! Ве сакам сите, а сега тргнете! Јас сум уште малку готов, но вашата поддршка дополнително ќе ме забрза“ – порача Бибер во објавата.
За два дека откако ја стави објавата стигна на пола пат, а бидејќи потребни се од 10-20 милиони, нема да е тешко да ја исполни целта, бидејќи на Инстаграм има над 121 милиони обожаватели.

https://www.instagram.com/p/B4I-sZonM2R/?utm_source=ig_embed

Слични содржини