349
Канадскиот пејач Џастин Бибер не зборува често за својот татко, а неговата мајка е доминантна фигура во неговиот живот. Затоа сите беа изненадени кога на неговиот Инстаграм се појави роденденска честитка за неговиот татко Џереми.
„Среќен роденден, тато. Те сакам многу “, напиша тој во описот честитајќи му го 46-тиот роденден.
Мајката и таткото на Џастин никогаш не биле во брак, а раскинале неколку месеци по раѓањето на пејачот. Тогаш Џереми стапил во врска со Ерин Вагнер, со која ги доби 13-годишната Јасмин и 12-годишниот Џексон.
И таа врска не му успеа: тој ја најде среќата, по трет пат, покрај Челси Бибер, со која се ожени во 2018 година, а една година подоцна ја добија ќерката Беј.