Џастин Бибер и Оливија Родриго со најмногу номинации за iHeart Radio Awards

од Vladimir Zorba
679 прегледи

Канадскиот пејач Џастин Бибер е номиниран за iHeart Radio Music Awards благодарение на неговите два големи хита од минатата година, резултат на соработките – „Peaches“ со Даниел Цезар и Гивион и „Stay“ со Кид Ларој.

Бибер има девет номинации за наградите, а по него е пејачката Оливија Родриго.
Тинејџерската сензација ќе се бори за осум награди со синглови од нејзиниот деби албум „Drivers License“.

Доџа Кат и Гивион имаат по седум номинации за наградите, кои ќе бидат доделени на 22 март во „Shrine Auditorium“ во Лос Анџелес.

Музичките награди „iHeart“ ги оддаваат чест на најслушаните изведувачи на годината, а обожавателите можат да гласаат во неколку категории, вклучувајќи ги и „Најдобра фан армија““, „Најдобар текст“, „Најдобар омот“ и „Најдобро музичко видео“.

Двете песни на Џастин Бибер се номинирани за Песна на годината. Во категоријата со свои песни ќе се натпреваруваат и Оливија Родриго, Адел, Ед Ширан, Силк Соник, Дуа Липа, Лил Нас Икс, Аријана Гранде и Доџа Кат во соработка со Сиза.

Родриго е исто така номинирана за уметник на годината заедно со Аријана Гранде, Доџа Кат, Дуа Липа и Тејлор Свифт.

Две од номинациите на Доџа Кат се во категоријата за Најдобра музичка соработка – за „Kiss Me More“ со Сиза и „Best Friend“ со Совити.

Гивион, Оливија Родриго, Кид Ларој, Монескин и пејачката Тејт Мекреј се номинирани за Најдобар нов поп изведувач.

Слични содржини