Канадскиот пејач Џастин Бибер не зборува често за својот татко во јавноста, па затоа многу фанови беа изненадени од фотографијата што тој неодамна ја објави на својот профил на Инстаграм со него.
Веќе е добро познато дека доминантна фигура во воспитувањето на Џастин била токму неговата мајка, така што малку се знае за неговиот татко.
Бибер објави фотографија од семејниот албум и му го честиташе Денот на таткото на својот татко.
Да потсетиме, мајката и таткото на Џастин никогаш не биле во брак, а врската ја раскинале неколку месеци по раѓањето на пејачот.