Пејачот Џастин Бибер го почувствува товарот на славата уште како тинејџер, а во новиот документарец открива како сакал да избега од менталните проблеми со кои се борел, признавајќи дека имало моменти кога сакал да се самоубие.
„Мислам дека имаше моменти кога сум бил навистина, навистина самоубиствен. Се запрашав: „Човече, дали таа болка некогаш ќе исчезне?“ Беше толку конзистентно, болката беше толку постојана. Само страдав. Претпочитав да не чувствувам ништо, освен тоа“, вели Бибер во документарниот филм.
Поп-sвездата вели дека можеше да се поштеди од многу болка ако зборувал погласно за своите проблеми и сакал да ги охрабри другите да бидат поотворени за нивното ментално здравје.
„Само сакам да ги охрабрам луѓето. Ако се чувствувате осамено, зборувајте за тоа. Кажете го тоа на глас“, вели пејачот.
Бибер се „усреќи“ во 2018 година со моделот Хејли Болдвин, и тој искрено зборуваше за неговите борби со притисоците што ги носи славата минатата година објавувајќи на Инстаграм.
„Кога ве обземаат животот, минатото, работата, одговорностите, емоциите, семејството, финансиите, врските, тешко е да станете од кревет наутро со позитивен став. Кога чувствувате дека доаѓа проблем по проблем, започнувате да го предвидувате денот низ призмата на страв, почнувате да предвидувате уште еден лош ден“, напиша Бибер.