Џеф Безос посети конференција на Amazon придружуван од куче робот

од Vladimir Zorba
215 прегледи

На MARS конференцијата на Amazon во понеделникот, Џеф Безос се појави во хотелот Паркер во Калифорнија, придружен од куче робот.

Конференцијата собира компании од областа на роботиката, машинско учење, автоматизацијата и вселенските истражувања.

Безос, кој ретко ги користи социјалните мрежи, ја објави на Twitter прошетката со робот-куче со име SpotMini.

Неодамна SpotMini повторно беше во вестите – изработениот од Boston Dynamics проект ги демонстрира своите вештини да отвора и затвора врати, без оглед што се наоѓа на неговиот пат.

Безос пушти уште еден твит, во кој пак ја демонстрира својата љубов кон роботиката – во него гледаме видео каде што игра „beer pong“ со робот.

На минатогодишната конференција пак, тој пилотираше близи 4-метри висок робот наречен Method-2, создаден од јужнокорејската компанија Hankook Mirae.

Слични содржини