Пејачот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, го прозва Пол Мекартни, кој истакна дека „Битлси“ се поголем бенд од „Стоунс“. 76-годишниот Џегер одговори на тврдењата на Мекартни додека гостуваше во една емисија.
Тој посочува дека јасно не постои конкуренција помеѓу групите.
„Тој е симпатичен, но јас сум политичар. Голема разлика помеѓу групите е во тоа што Ролинг Стоунс е стадионски бенд, а Битлси никогаш не ни работеле на турнеји по арените“, вели Мик.
Тој додаде дека „Битлси“ се распаднале пред дури и да имаат шанса да направат нешто слично, но „Ролинг Стоунс“ продолжиле со своите концерти, пренесува „Дејли Мејл“.
„Друга разлика е во тоа што имаме среќа да продолжиме да свириме на големи концерти, а другиот бенд веќе не ни постои“, заклучи Џегер.
Пол Мекартни во интервјуто пред неколку дена изјави дека ги почитува и ги сака „Стоунси“, но верува дека Битлси биле поголем бенд од нив.