321
Поранешната балерина Мелани Хемрик (34) ужива на одмор во Мајами со Мик Џегер, кој е 44 години постар од неа.
Мелани и Џегер (78) не објавуваат често заеднички фотографии ниту се појавуваат во јавноста. Тие се запознале во 2014 година, само неколку дена пред тогашната девојка на Мик – Л’Врен Скот, да биде пронајдена мртва во станот, а сега папараците ги уловија на плажа.
Мелани и Мик и овој пат не им дадоа шанса на фотографите да ги уловат како разменуваат нежности.
Мик е воздржан кога е во прашање објавувањето фотографии од заедничките моменти со Мелани, па на својот Инстаграм објави само слики од Мајами, на кои е сам.