Џегер „уловен“ со 44 години помлада девојка: Неговата ќерка има 51 година, а избраницата само 34

од Vladimir Zorba

Поранешната балерина Мелани Хемрик (34) ужива на одмор во Мајами со Мик Џегер, кој е 44 години постар од неа.

Мелани и Џегер (78) не објавуваат често заеднички фотографии ниту се појавуваат во јавноста. Тие се запознале во 2014 година, само неколку дена пред тогашната девојка на Мик – Л’Врен Скот, да биде пронајдена мртва во станот, а сега папараците ги уловија на плажа.

Мелани и Мик и овој пат не им дадоа шанса на фотографите да ги уловат како разменуваат нежности.

Мик е воздржан кога е во прашање објавувањето фотографии од заедничките моменти со Мелани, па на својот Инстаграм објави само слики од Мајами, на кои е сам.

Слични содржини