Џеј ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани

од Nikola Popovski
407 прегледи

Собранието на град Белград добило предлог од ромските здруженија, пејачот Џеј Рамадановски да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани, изјавил заменик-градоначалникот Горан Весиќ, додавајќи дека пејачот заслужува да почива меѓу заслужните граѓани на Белград.

Весиќ изјавил дека ваквата чест заслужува успешна професионална кариера, научна работа, но и уметничко дело.

„За време на неговиот живот, Џеј стана некој чии песни ги слушаа оние кои не ја сакаа музиката што ја пееше. Тој беше добриот дух на Белград, не беше совршен како никој од нас, но беше шармантен. Колку беше одличен, најдобро покажува чувството што го имавме сите кога дознавме дека е мртов. И оние кои го познаваа лично, и оние кои го познаваа само преку песни. Се чувствувавме како да изгубивме член на семејството“, напишал Весиќ на Фејсбук.

Слични содржини