Џеј ќе биде погребан во петок во Алејата на заслужни граѓани

од Vladimir Zorba
384 прегледи

Легендата на народната музика Џеј Рамадановски, кој почина пред два дена, ќе биде погребан во петок, на 11 декември, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.

Семејството ќе прима сочувство во капелата од 13 часот, а Џеј ќе биде испратен во вечниот дом во 14.30 часот со виолина, дознава Нова.рс.

Комеморацијата нема да се одржи поради пандемијата на коронавирус.

Џеј ќе почива во близина на актерот Иван Бекјарев, кој неодамна беше погребан во Алејата.

Потсетуваме, на Џеј Рамадановски, кој почина на 56-годишна возраст, му беше извршена обдукција. Иако е утврдено дека тој починал од природна смрт, судскиот експерт побарал обдукција, чии резултати се очекуваат.

Слични содржини