288
Џенифер Лопез и Бен Афлек од ден на ден покажуваат дека обновените врски со поранешните партнери можат да бидат успешни! Имено, тие изгледаат позаљубено од било кога, а венчавката ја прославија со романтично патување во Франција.
Во Париз ќе бидат придружувани од ќерките на Бен од првиот брак – Вајолет (16) и Серафина (13).
Минатата сабота славниот пар се заколна на вечна љубов во Лас Вегас.
Џенифер на венчавката облекла два фустани и го зела презимето на нејзиниот сопруг, што воопшто не ги израдувало нејзините обожаватели.