Џеј Ло и Бен Афлек повторно во врска, таткото на холивудската ѕвезда во чудо: Слушнав за неа, но ништо не знам

од Берта Китинска
470 прегледи

Таткото на холивудската sвезда се чини дека последен дознал за наводното помирување на неговиот син и латино дивата

Обновената врска помеѓу Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48), 17 години по раскинувањето, не престанува да ги пополнува медиумските колумни, а сега се огласи и таткото на холивудскиот актер.

Имено, таткото на Бен и Кејси Афлек, Тимоти Афлек (77), изјави за американскиот „Сан“ дека тој „немал идеја“ за одлуката на неговиот постар син Бен да ја обнови љубовната врска со латино дивата.

“Секако дека имам слушнато за неа, но немам претстава што се случува. Се разбира дека разговарам со моите деца за нивните животи и тие споделуваат со мене што сакаат”, рече Тимоти Афлек. Тој додаде дека пандемијата на коронавирусите го спречи да ги гледа децата и затоа смета дека не е во тек со најновите информации.

Слични содржини