Џеј Ло и Бен Афлек се подготвуваат за заеднички живот

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Џенифер Лопез и нејзината „старо-нова“ љубов Бен Афлек беа видени на ручек со своите деца, во Брентвуд, Лос Анџелес.

Вљубениот пар излегол на ручек, Лопез ја зела својата ќерка Ема (13), додека Бен Афлек беше во друштво на неговиот син Самуел (9).

Неодамна, медиумите објавија дека парот планира да живее заедно наскоро, и на ова ќе претходи средба со децата.

Џенифер Лопез (51) носеше бел комбинезон, кој го искомбинирала со жолта чанта Луј Витон, и неонски патики. 48-годишниот Бен Афлек бил во лежерно издание.

Славниот пар минатиот викенд го помина заедно, а пејачката, актерка и сопственичка на модна линија се повеќе е во Лос Анџелес, каде во последно време е во посета на приватни училишта за да го избере најдоброто за своите близнаци.

Иако изјавија дека не сакаат да „брзаат“ во врската, парот сепак планира многу брзо да се пресели во заеднички дом.

Таблоидите објавија дека се „посветиле“ на „остатокот од својот живот заедно“, откако сфатиле дека ја пронашле „вистинската љубов“ и дека планираат да бидат добри чувари и родители на децата.

Афлек го дели старателството над неговиот син Самуел и ќерките Серафин и Вајолет со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Лопез, во брак со Марк Ентони во 2008 година, ги доби близнаците Максимилијан и Ема.

Слични содржини