Џеј Ло и Бен Афлек „уловени“ во луксузно одморалиште: Познатиот пар повторно заедно по 17 години?

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Џенифер Лопез и Бен Афлек поминуваат се повеќе време заедно, а светските таблоиди пишуваат дека поранешните партнери поминале романтична недела во луксузен скијачки центар во Монтана. Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела да бидат „уловени“ заедно.

„Бен и Џен поминаа неколку дена заедно. Тие беа сами на одмор во „Биг Скај“ во Монтана, место што е многу посебно за Бен”, изјави извор за Us Weekly.

Очевидци исто така им споделиле дека поранешните партнери „изгледале многу среќно“.

На фотографиите објавени од „Дејли Меил“ се гледа како парот се вози заедно во автомобил и се качува во авион. Претходно се појавија гласини дека Афлек ја посетил Лопез неколку пати во нејзиниот дом во Л.А.

Лопез неодамна раскина со својот вереник, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, а во заедничката изјава тие објавија дека подобро функционираат како пријатели.

„Ќе продолжиме да се поддржуваме во заедничките работи и проекти. Посакуваме се најдобро едни на други и на нашите деца“, соопшти поранешниот пар, кој беше заедно од 2017 година. Нивната врска падна во сериозна криза откако се дозна дека Алекс се допишувал со други жени. Џенифер очигледно не можела да го преболи тоа.

Но, се чини дека Афлек едвај ја чекал можноста, а веднаш по раскинувањето на Лопез и Родригез се појавија написи дека тој се обидува да ја врати својата поранешна љубов. Тој неодамна го пофали нејзиниот изглед во едно интервју. „Како е можно да изгледаш исто како во 2003 година?! Каде се крие тој извор на твојата младост?“, рече тој.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа во 2002 година на снимањето на „Гигли“. Во тоа време, Лопез беше омажена за нејзиниот втор сопруг Крис Џад.

Тие требаше да се венчаат на 14 септември 2003 година, но се беше откажано само четири дена пред церемонијата поради прекумерното внимание на медиумите со кое Афлек не можеше да се справи. Двојката позната под прекарот „Бенифер“ конечно раскина во 2004 година, но се чини решија да и дадат уште една шанса на својата љубов по 17 години.

Слични содржини