Џеј Ло објави ФОТОграфија на која е потполно без шминка

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави своја фотографија на која е целосно неуредна – без грам шминка, со пунџа, во бањарка.

Лопез дефинитивно не престанува да ги изненадува своите обожаватели. Откако неодамна се фотографираше потполно гола, таа сега се одлучи за нешто сосема друго, откако застана опуштено пред камерата и покажа како изгледа во бањарка, без шминка, со разбушавена коса врзана во пунџа.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија без филтер, на која ги чува своите близнаци, Ема и Макс, во домашното издание.

„Драго ми е што тие сè уште сакаат да седат во скутот на нивната мајка“, напиша пејачката под фотографијата.

Бројни фанови веднаш го пофалија нејзиниот изглед, и и рекоа дека изгледа убаво и дека воопшто не и треба шминка.

Слични содржини