Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез и поп дивата Џенифер Лопез денес го потврдија она за што се шпекулираше еден месец. Тие одлучија да стават крај на нивната врска и да продолжат како пријатели.
На фановите им се обратија со следната изјава: „Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и очекуваме да продолжиме да бидеме во добри односи. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме едни со други на нашите заеднички работни места и проекти.“
Да потсетиме, тие ја започнаа врската во 2017 година, а во 2020 година планираа да стапнат на лудиот камен, што го спречи короната. Пред еден месец се појавија гласини дека Алекс ја изневерил поп-дивата и дека старлетата Медисон Лекрој е главниот виновник за пропаѓањето на оваа љубов.
Потоа се огласија и рекоа дека нивната врска е во криза, но дека ќе останат заедно, но се покажа дека не успеале да го надминат проблемот.