Џејк Пол е блиску до неговата следна борба во рингот. Последната борба на младиот јутјубер беше во декември 2021 година, кога го нокаутира поранешниот шампион на УФЦ, Тајрон Вудли.
Ѕвездата на YouTube потоа имаше закажана борба со боксерот Томи Фјури, кој се повлече. Истото се случи и со Хасим Рахман, со кој имаше закажана пресметка на 6 август.
Сега следниот закажан датум е во октомври. Самиот Пол изјави дека се водат преговори со „големо име“ и рече дека наскоро можеби ќе има и официјално потпишан договор.
25-годишниот борец не именуваше кој би можел да биде неговиот следен противник, но неодамна се почесто се зборува за тепачка меѓу него и поранешниот кик-боксер Ендрју Тејт.
„Тренирав три месеци и на крајот е малку глупаво што не добив награда за тоа. Можеби наградата е што станав подобар и тоа ќе се покаже во мојата следна борба. Очекувам да биде во октомври против прилично популарен противник. Прилично сум возбуден за неа. Понудата е дадена и се чини дека наскоро ќе дојдеме до потпишување договор“, изјави Џејк Пол.