Џејми Оливер дури ни по банкротот не го губи својот ведар дух. Тој повторно се обидува да се врати на стариот пат и да отвори неколку ресторани.
Неодамна тој откри по кој рецепт го подготвува болоњезе сосот, за кој советува да направите двојна количина, со оглед на тоа колку е вкусен. Овој сос може и да се спакува и да се замрзне, па да имате за кога ќе ви се пријадат тестенини.
Потребни состојки:
500 гр мелено јунешко месо
500 гр мелено свинско месо
50 гр чадена сланина
Едно гранче рузмарин
Една главица црвен кромид
2 моркова
2 целера
2 конзерви пелати од 400 мл
Малку сок од домати
800 мл вода
Малку маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:
Исецканиот рузмарин ставете да се динста со маслиновото масло. Додадете ја исецканата сланина. Откако ќе се пропржат, додадете го меленото месо и зачинете, па горвете 10 минути, додека месото да добие кафеава боја.
Исецкајте ги кромидот, морковот и целерот на коцки со слична големина. Додадете ги во тенџерето со месото и гответе ги заедно уште 10 минути. Потоа во смесата додадете ги пелатите, сокот од домати, измешајте, додадете ја водата, намалете ја температурата и оставете да се вари 90 минути на тивко.
Послужете со тестенини и со пармезан.