Џејмс Бонд аукција – Aston Martin, Jaguar, Land Rover…

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Понудата започнува со Jaguar XF управуван во филмот од страна на негативците во потрага по тајниот агент Џејмс Бонд и Медлин Свон. Се очекува да достигне цена од 70.000 фунти. Во понудата е и Range Rover SVR, кој би требало да чини најмалку 80.000 фунти.

На аукција се најде и Land Rover Defender Bond Edition. Придвижуван од V8 мотор, овој модел не се појави во филмот, но е дел од ограничената серија од 300 примероци и единствениот со значката „60 години Бонд“.

Се проценува дека ќе предизвика голем интерес, а со тоа и цената од 300.000 фунти. Беше понуден и Defender од филмскиот сет, кој може да поскапи.

Конечно, тука се и Aston Martin возилата. Посебно интересен е моделот V8, кој се појавува во филмот со Крег, а буди спомени на моделот од The ​​Living Dailights. Доволно за да се добие цена до 700.000 фунти.

Конечно, како врв на понудата доаѓа репликата на DB5 која е произведена исклучиво за снимањето на најновиот филм. Има модерен шестцилиндричен 3.2 мотор и мануелен менувач, а и покрај оштетувањата е најскапиот експонат чија цена се проценува на два милиони евра.

Да речеме и дека дури и оние се поскромен буџет ќе најдат интересни предмети на аукцијата. Се нудат различни костими, куфери, па дури и маски од филмот Spectre.

Почетокот на лицитацијата е најавен за 15 септември.

Слични содржини