Џејмс Бонд стана командант на британската морнарица (ФОТО)

од Vladimir Zorba
520 прегледи

Актерот Даниел Крег беше назначен за почесен командант на британската кралска морнарица и на тој начин доби ист ранг како и неговиот лик на големото платно, Џејмс Бонд.

Назначувањето на Крег доаѓа неколку дена пред британската премиера на новиот филм за славниот агент 007 „No Time To Die“.

„Даниел Крег е познат по тоа што беше командант Бонд во последните 15 години, поморски офицер кој ја обезбедува Британија во мисии низ целиот свет“, рече адмиралот Тони Радакин.

Адмиралот рече дека вистинската Кралска морнарица го прави тоа секој ден, користејќи технологија и вештини на ист начин како и самиот Џејмс Бонд.

53 -годишниот Крег рече дека се чувствува почестен и привилегиран поради назначувањето, пишува Бета.

Почесните офицери се амбасадори на Кралската морнарица кои помагаат да се промовира морнарицата во светот.

Пред доделувањето на наградата, Крег се сретна со командантот Френсис Бонд, кој работи во седиштето на Кралската морнарица во јужна Англија.

„Колегите се шегуваат дека јас сум вистинскиот Бонд, но не замислував дека еден ден ќе се сретнам со актер кој го глуми Џејмс Бонд“, изјави командантот Бонд.

Во најновиот филм, кој треба да биде последен за Крег, славниот агент 007 ги прекина своите активности во тајната служба и конечно ужива во мирен живот во Јамајка. Сепак, неговиот душевен мир брзо се расипува кога неговиот стар пријател од ЦИА, Феликс Лајтер доаѓа да го замоли за помош.

Негативецот во филмот го игра Американецот со египетско потекло, Рами Малек, кој го освои Оскарот во 2019 година за најдобар актер за улогата на пејачот на рок групата „Квин“, Фреди Меркјури.

Главната песна на филмот „No Time To Die“ ја изведува младата американска пејачка Били Ајлиш.

Слични содржини