Џејмс Корден го напушта популарното The Late Late Show (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
373 прегледи

Британскиот комичар и актер Џејмс Корден најави дека следната година ќе го напушти популарното The Late Late Show, во кое тој е водител.

Тој ја објави веста додека го снимаше шоуто на CBS во Лос Анџелес, додавајќи дека тоа е „најтешката одлука што некогаш морал да ја донесе“.

„Никогаш не сум го доживеал шоуто како моја крајна дестинација. Сакав да го правам онолку долго колку што го сакам и навистина мислам дека за една година ќе биде добро време да продолжам понатаму и да видам што друго се нуди“. рече Корден, кој ја презеде улогата на водител од комичарот и актер Крег Фергусон во 2015 година.

Корден стана добро познато име во САД, а за време на неговата кариера во популарното ток-шоу, тој презентираше проекти како што се Drop the Mic и Carpool Karaoke, во кои беа вклучени познати личности како Адел или принцот Хари. На крајот тие беа толку добро примени што станаа независни шоуа. Познатиот водител призна дека шоуто му го променило животот.

„Посакуваме Џејмс Корден да остане со нас подолго, но многу сме горди што CBS стана негов американски дом и што оваа соработка ќе биде продолжена на уште една сезона на The Late Late Show“, изјави претседателот и извршен директор на CBS, Џорџ Чикс.

Слични содржини