Бројни фанови на познатата емисија Carpool Karaoke на Џејмс Корден беа разочарани со снимката од снимањето на епизодата на шоуто во која гостувал Џастин Бибер бидејќи сфатиле дека нивниот омилен водител воопшто не вози, туку седи во автомобилот кој е влечен од страна на камион.
Откако снимката стана вирална и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, водителот одлучи да одговори на коментарите, а попатно и се пошегувал со оние кои ја сфатиле премногу сериозно работата. Тој нагласил дека, сепак, во поголемиот број на случаи тој навистина го вози автомобилот.
„Секогаш возам, освен ако мислиме дека тоа не би било сигурно, доколку постои танцувачка рутина или менуваме костими или сум пиел. Но во случајот со Џастин Бибер постоеше една сигурна причина поради која заклучивме дека е најдобро да не возам: постојано се губев во неговите очи“, се пошегувал Корден.
Тој додал дека е шокиран колку тоа ги вознемирило луѓето, но нагласил дека не е се што гледаме на телевизија точно онака како што изгледа во реалниот живот.
„Ова е телевизиско шоу, не е се реално: не снимаме на полноќ, снимаме во пет попладне и само се преправаме дека е касно. Мислев дека тоа им е јасно на сите и жал ми е што мислите дека не е така, но се работи за телевизија и понекогаш работите се прикажуваат само за забава. Но ако зборуваме за Carpool Karaoke, со ретки исклучоци поради сигурност, јас возам. И сакам тоа да се знае“, заклучил Корден.