Џејмс Меј пристигна во Рим и покажа како Италијанците возат (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Џејмс Меј е познат како најљубезниот возач од тимот на „Гранд Тур“, но сега реши да ја покаже својата друга страна.

„Captain Slow“ ја промовира својата документарна серија „James May: Our Man In Italy“, па реши да се упати во Рим. На пат кон градот го вози актерката Гуја Скоњамиљо, но кога ќе стигнат до градот, таа му го предава воланот на својата Fiat Panda.

И токму кога сите очекуваа дека Меј, како пристоен и бавен возач, ќе биде истуркан од патот од „проактивни“ италијански возачи, се случува нешто сосема спротивно – британскиот водител се вклопува во локалната сообраќајна култура.

Покрај малку поагресивниот стил на возење, поради кој неговиот сопатник сигурно не се чувствува најдобро, Меј нè учи и на основните знаци на комуникација со раце. Гестикулацијата е добро позната и на Балканот, но со малку поинакви движења и значења.

Погледнете како Џејмс Меј се снајде во урбаната џунгла во Рим.