Порано овој месец Џејн Фонда веќе еднаш беше уапсена за време на протестот против климатските промени пред Конгресот во Вашингтон.
Вчера повторно беше уапсена, што е вкупно третпат откако се почнати овие протести. Таа била инспирирана од движењето на Грета Тунберг и решила да се приклучи на глобалните протести против климатските промени.
Но, обожавателите на Фонда сметаат дека таа залудно се бори и дека ништо нема да се промени. Актерката пак, изјавила дека планира да ја апсат секој петок, за да ја натера владата да биде делотворна во борбата против климатските промени.
Фонда веќе е приклучена во неколку глобални здруженија кои се борат против климатските промени. Таа сепак смета дека нема ништо залудно во нејзините обиди да донесе значајни промени во светот и општеството.