Џејсон Момоа неодамна стана жесток бранител на животната средина од се што е штетно. Откако ја лансираше својата марка минерална вода во алуминиумски шишиња и повика на прекин на употребата на пластика на лет за Хаваи, тој сега се откажа од нешто што ги натера дамите ширум светот да врескаат на звукот на неговото име – неговата легендарна коса.
Актерот ја избричи својата долга коса и ги покажа разбушавените кадрици во видеото во кое вели дека сака да го привлече вниманието на луѓето ширум светот и да ги повика да престанат да користат пластика за еднократна употреба.
„Одамна не сум го почувствувал ветрот токму таму“, се смее тој откако поздрави со „Алоха!“ и ја допре главата.
И додава: „Ми се гади од користење пластични шишиња, мораме да престанеме. Пластичните вилушки и сите тие непријатни работи влегуваат во нашата земја, одат во нашиот океан. Во моментов сум овде на Хаваи и само гледам како ѓубре ни го уништува океанот, можам да кажам – толку е тажно“.
Тој, исто така, побара од своите следбеници да му помогнат да ја елиминира пластиката за еднократна употреба, велејќи дека „пластичните шишиња се апсурдни“.
„Бидете подобри во заштитата на нашата земја и океани. Пластични шишиња, пластични кеси, амбалажа, прибор и сето тоа, кој може, ве молиме ограничете го тоа во вашиот секојдневен живот“, повика тој.
Во 2019 година, Момоа предизвика вознемиреност кога ја избричи брадата заради заштита на планетата.