Џек Ма и официјално замина од „Алибаба“: Создаде бизнис од трилион долари, а сега се посветува на филантропија

од Vladimir Zorba
439 прегледи

Кинескиот милијардер Џек Ма, кој воведе е-трговија во Кина, поднесе оставка од функцијата извршен претседател на „Алибаба“, откако помина две децении во создавање бизнис вреден над трилион долари.

Тој беше заменет како извршен претседател од Даниел Чанг, пишува „Њујорк тајмс“.
Потоа беше објавено дека Ма ќе се посвети на филантропија, но факт е дека се повлече од јавниот живот и стана предмет на озборувања за тоа каде е и што прави.

Постојано изговараше реченици што ги повторуваа други големи бизнисмени

„Нема најдобри луѓе. Најдобрите луѓе се секогаш во ваше друштво, ги обучувате да станат најдобри – рече во една прилика и додаде: „И започнете со наоѓање луѓе кои се подготвени да учат и кои не се плашат од грешки“.

Ма, исто така, го нагласува оптимизмот. Тој вели дека таа особина му помогнала денес да изгради гигант како „Алибаба“.

„Како претприемач, ако не сте оптимист, имате проблеми“, рече Ма.

Слични содржини