Џек Николсон повеќе не излегува од дома: „Тажно е да се види таков актер да не напушти на овој начин“

од Nikola Popovski

Познатиот холивудски актер Џек Николсон (84) веројатно никогаш повеќе нема да глуми во филм. Иако се повлече од јавноста уште во 2010 година по неговата улога во филмот „Како знаеш“, публиката се надеваше дека сето тоа е само шега. За жал, како што пишуваат сите светски медиуми, неговата здравствена состојба е крајно лоша.

Со години се шпекулираше, а сега, како што пишува светскиот печат, наводно е потврдено дека Џек Николсон боледува од деменција.

Николсон поминува „тажни, последни денови“ во вилата во Беверли Хилс и е физички добро, но не и психички.

– Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа. Синот и ќерката се грижат за него. Тој е физички добро, но психички не е најдобар. Навистина е тажно да се види како актер како Џек си заминува на овој начин – изјавил пријателот на актерот за „Радар онлајн“.

Слични содржини