Џек Николсон страда од деменција, не е виден во јавност веќе една година

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Џек Николсон (84) последен пат беше виден во јавност пред една година и оттогаш го нема никаде, а според американските медиуми има тажна причина за тоа.

Имено, актерот има 84 години и наводно боледува од деменција и воопшто не излегува од својата куќа во Беверли Хилс, како што изјави негов близок пријател за „Радар Онлајн“.

– Џек и јас сме пријатели со години, и тој повеќе не ја напушта својата куќа. Мислам дека неговиот син и ќерките сега се грижат за него – изјави извор кој сакаше да остане анонимен.

Актерот, кој има освоено дури три Оскари во кариерата, има пет деца, но поголемиот дел од времето го поминува со својата ќерка Лорејн и синот Реј, кои живеат во негова близина.

Слични содржини