Џеки Стјуарт: Време е Луис да се пензионира!

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Сер Џеки Стјуарт е на мислење дека е време 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон да ја заврши кариерата во Формула 1. Хамилтон и Мерцедес доминираа во новата турбо ера во Формула 1, но од почетокот на сезоната 2022 година, Луис и неговиот тим заостануваат од лидерите, главно поради постојаното скокање на новиот W13, како и поради недоволната моќност и брзина на болидот.

На крајот од минатата сезона Хамилтон беше поразен од Макс Верстапен и Ред Бул во битката за титулата, а годинава Мерцедес се бори за титулата „најдобар од останатите“ зад Ред Бул и Ферари, но Џорџ Расел е побрзиот возач на тимот.

„Сега Луис има проблеми бидејќи има нов колега, кој во досегашниот дел од сезоната е побрз од него во квалификациите“, објасни легендарниот Шкот.
„На Хамилтон ќе му биде тешко да се справи со тоа. Мислам дека е време тој да се пензионира. Се занимава со музика, култура, облека и оваа индустрија многу ќе му одговара. Сигурен сум дека ќе постигне голем успех, сега Луис заслужено заработува многу пари, бидејќи тој е најдобриот во своето време во Формула 1“, додаде тој.