362
На познатиот анплагд-концерт во 1993 година, Курт Кобејн носеше џемпер кој на една аукција во Њујорк постигна вртоглава цена, а да бидат нештата поинтересни, некој веќе го купил.
Покојниот Кобејн, како што е познато, не го испрал овој џемпер откако го носел на концертот. На аукцијата е продаден по цена од речиси 300.000 долари, што го прави најскапо парче облека некогаш продадено на овој начин.
Курт Кобејн изврши самоубиство во 1994 година, во својата куќа во Сиетл. Она што засекогаш остана се бројните песни, албуми и секако, снимките од конкретниот концерт, кој важи за еден од најуспешните анплагд-настапи во музичката историја.