Американската компанија “Џенерал Моторс” спроведува тестови на новиот модел автомобил кадилак, под кодното име Бисти, наменет за претседателот на САД.
Според зборовите на експертите на компанијата новиот претседателски автомобил е практично идентичен со овој модел, но има голем број на разлики во деталите. Предните светла можат да ја рефлектираат светлината вертикално.
Надворешно автомобилот претставува голем седан, но голем број на скриени карактеристики го прават да одговара повеќе на среднотонажен товарен автомобил.
“Фокс њуз” потсетува дека според претседателот Барак Обама конструкцијата на неговиот репрезентативен кадилак е направена врз основа на тенкови. Овие автомобили тежат повеќе од 9 тони, имаат моќен мотор и заштита од куршуми и гранати. Според мислењето на специјалисти такви автомобили издржуваат директен погодок од гранати и се опремени со автономни залихи на кислород во случај на хемиски напад.
Вредноста на автомобилот кадилак Бисти е 1,6 милиони долари.