Џенифер Анистон критикувана поради новогодишен украс

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Холивудската актерка Џенифер Анистон објави фотографија од својот необичен новогодишен украс на Инстаграм, што предизвика бројни негативни коментари.

Актерката ја украси елката со дрвен украс на кој пишува „нашата прва пандемија 2020“, а дел од нејзините обожаватели ѝ порачаа дека со тоа ги „ублажила“ последиците од пандемијата од која починаа луѓе ширум светот.

„Можеби си славна, но тоа не значи дека немаш никаква одговорност. Животи беа изгубени поради пандемијата “, „Живели, ние ја славиме нашата прва пандемија во која починаа милиони луѓе“, „ Да ја славиме смртта со Божиќни украси“, се само дел од коментарите под фотографијата.

Слични содржини